Милионерите не штедат, купија германски репрезентативец за 20 милиони евра

Борусија Дортмунд купи големо засилување за во иднина, а популарните Милионери објавија дека нов член на клубот е Нико Шлотербек.

Шлотербек доаѓа на „Вестфален“ за сума од 20 милиони евра, која може да се зголеми за уште пет милиони евра со бонуси, а парите одат на сметката на Фрајбург.

Нико е млад фудбалер и има само 22 години, а веќе е еден од најценетите стопери во Бундеслигата и има одиграно и два меча за германската репрезентација.

https://twitter.com/BlackYellow/status/1521151588655673345?s=20&t=5oRAM5C9eIfXSeIxqhDMqg

Борусија потпиша петгодишен договор со Шлотербек со важност до 2027 година.

 

- Оглас -

Најнови вести