Борусија Дортмунд стигна до победа на гостувањето кај Мајнц , триумфирајќи со 0-2 во рамките на петтото коло на Бундеслигата.
Милионерите го решија натпреварот уште во првото полувреме со головите на Даниел Свенсон и Карим Адејеми. Мајнц се обиде да се врати, но два обида кон голот не донесоа промена на резултатот.
Второто полувреме помина рутински за Дортмунд, кој ја контролираше играта и го задржа водството до крајот. Ова е четврта победа за тимот оваа сезона, со што сега има два бода помалку од лидерот Баерн Минхен.
Во останатите натпревари, Хајденхајм со 2-1 го победи Аугсбург, Баер Леверкузен славеше со 1-2 на гостувањето кај Сент Паули, додека Лајпциг минимално го совлада Волфсбург со 1-0.