18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Милионерите за речиси 18 милиони евра му продадоа на Барнли играч кој одиграл само 61 минута како професионалец

Управата на Борусија Дормунд уште еднаш покажа дека е мајстор за продажба на фудбалери.

Откако по завршување на сезоната, за 103 милиони евра го продаде на Реал Мадрид, Џуд Белингам, сега успеа да продаде фудбалер кој нема одиграно цел натпревар како професионалец.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1677579744617832448?s=20

Милионерите за 17,5 милиони евра го испратија Сумаила Кулибали (19) кај новиот премиерлигаш Барнли.

Барнли и Борусија Дортмунд се договорија за едногодишна позајмица со задолжителен откуп на договорот идното лето за 17,5 милиони евра.

Интересо е што Кулибали како професионалец, има одиграно само 61 минута како професионалец, односно за првиот тим на Борусија.

Тој од клупата влезе на натпреварот од Бундеслигата против Штутгарт (3:3) и одигра 44 минути, додека во ремито (1:1) против Копенхаген кој се играше во ноември минатата година, одигра само 17 минути.

- Оглас -

Најнови вести