3.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

„Милионски“ е влогот на Борусија против Вердер

Њукасл – Ливерпул (20:45 ч.)

Ливерпул нема време за одмор и по поразот од Барселона во Лигата на шампиони, сега повторно мора да мисли на трката за титулата во Премиер лигата. Тимот на Јирген Клоп не смее да киксне ако сака до последен момент да остане во конкуренција со лидерот Манчестер сити.

Њукасл е тим кој е безбеден на средината на теренот и ќе игра без притисок. Ливерпул нема победа на последните четири гостувања на „Сент Џејмс Парк“, што значи дека гостите имаат проблем кога играат тука. Последен пат се радуваше пред шест години, кога победија убедливо со 6:0.

Сега на Ливерпул му е доволно и минимален триумф, бидејќи најважно е да освои три бода и да го префрли притисокот врз Сити кој утре на свој терен го пречекува Лестер.

Предлог тип: 2& 3+ (2.15) – Квота на денот во Sport Life

 

Удинезе – Интер (20:30 ч.)

Двете екипи имаат свои мотиви. Домаќините се борат за опстанок, а Интер никако не сака да ја испушти позицијата која води во Лигата на шампиони за следната сезона. Удинезе има четири бода повеќе од Емполи кој е во зоната за испаѓање, па затоа секој бод е многу важен.

Кога игра пред своите навивачи Удинезе е со позитивен биланс сезонава, па затоа на Интер може да не му е многу лесно во обидот да стигне до трите бода. Сепак, „нераѕурите“ се поквалитетен тим и ако одиграат како што знаат нема дилема кој ќе победи.

Предлог тип: X2&ГГ (2.20) – Квота на денот во Sport Life

 

Селта – Барселона (20:45 ч.)

Тешко кој може да претпостави, но Селта е фаворит на овој меч. Тимот кој се бори за опстанок против шампионот кој има само еден пораз на гости, е со поголеми шанси за триумф. Зошто е тоа така, прочитајте ТУКА. Инаку, кога игра Барселона, секогаш се очекуваат погодоци, а домаќините не смее да калкулираат, па затоа се очекува отворена игра од двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05) – Квота на денот во Sport Life

 

Вердер – Борусија Д. (18:30 ч.)

Борусија во минатото коло загуби дома од Шалке, но по киксот на Баерн, остана надежта дека „милионерите“ може да стигнат до титулата. Вердер е тим кој теоретски може да се бори за излез во Европа, а сигурно ќе сака да ја прекине и низата од три порази.

Дека може да биде многу опасен тим, Вердер покажа и во Купот, кога пред три месеци, во Дортмунд ја елиминираше Борусија на пенали. Ако се погледнат меѓусебните дуели, ова е најава за дуел со голови на двете страни. Во последните 11 средби двата тима давале најмалку по еден гол, а дури 9 пати било ГГ3+.

Предлог тип: 2&3+ (2.95)

 

Еспањол – Атлетико Мадрид (16:15 ч.)

Атлетико нема шанси за титулата, но секогаш е мотив за мадридски тим да победи во Барселона, макар тоа да е и против Еспањол. Домаќините имаат три реми по ред, а немаат пораз на последните шест средби во првенството. Неверојатен е податокот дека на 12 од последните 13 меѓусебни средби било НГ (една од двете екипи да не даде гол). Во сите тие 12 мечеви не само што една од двете екипи не давала гол, туку на крајот средбите завршувале со 0-2 погодоци, но само два пати немало гол.

Предлог тип: 0-2 (1.71)

 

- Оглас -

Најнови вести