Селта се бори за опстанок, но вечерва е фаворит против Барселона

Барселона веќе ја освои титулата во шпанското првенство, па следните три меча се многу помалку важни за каталонскиот гигант. Првакот вечерва ќе гостува во Виго кај Селта, а на теренот ќе има една сосема поинаква Барселона. Во составот ги нема сите оние играчи кои во текот на целата сезона беа на теренот и се најзаслужни за титулата.

Тренерот на Барса, Ернесто Валверде за денешниот дуел нема да смета на Лионел Меси, Луис Суарес, Иван Ракитиќ, Жори Алба, Серхио Бускетс, Жерар Пике, Рафиња, Роберто, како и голманот Тер Штеген. Само Бускетс и Ракитиќ ќе паузираат поради жолти картони, додека останатите добија одмор. Сите овие треба да бидат одморени и подготвени за реванш дуелот против Ливерпул, во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Токму затоа Селта, која се бори за опстанок во Примера, вечерва ќе има голема шанса против вториот тим на шампионот. Барселна сезонава има само еден пораз на гости, а Селта дома се радувала седум пати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести