Македонецот Милко Ѓуровски е нов тренер на словенечкиот третолигаш Вержеј. Ова е прв тренерски ангажман на некогашниот југословенски и македонски репрезентативец по пауза од три години.
Милко, кој има 56 години, ја водеше сараевска Славија во 2016 година и оттогаш беше без работа како прв тренер на некој клуб. Ексиграчот на Црвена ѕвезда и Партизан како играч и тренер мина низ доста словенечки клубови, живее во таа земја и тоа му е добро позната средина.
Вержеј со Ѓуровски на клупата ќе се обиде да се врати во втора лига.