Претседателот на фудбалскиот клуб Партизан, Милорад Вучелиќ, денеска си поднесе оставка, објавија српските медиуми.
„Долги години ја извршував оваа функција и притоа работев во рамките на овластувањата кои ги имав според статутот. Со тешко срце и мирна совест, повеќе не можам да работам. Затоа поднесувам оставка на функцијата претседател и сакам да изразам голема благодарност на соработниците и сите кои во ова тешко време за Партизан ми помагаа“, објави Вучелиќ.
Вучелиќ од 2016 година беше претседател на Партизан, но во последните неколку години се најде на удар на навивачите на Црно-белите, кои бараа тој да си замине.
Тие за утре, пред натпреварот од плејофот за пласман во Лигата на конференции против Нордсјиланд, најавија протести против управата на клубот. Навивачите сакаат нивниот тим да го води комплетно нова управа и поради тоа сезонава ги бојкотираат натпреварите на Партизан.