Милосављев двајца противници испрати во болница, се повреди и сам, а доби и црвен картон (Видео)

Поранешниот голман на ракометниот клуб Вардар, Србинот Дејан Милосављев, синоќа беше централна фигура во тимот на Фуксе Берлин во дуелот со Кадетен Шафхаузен од ЕХФ Европската лига.

По дуелите со тешкиот Милосављев, двајца играчи на швајцарскиот тим беа пренесени во болница, а при вториот случај и самиот Милосављев се повреди, со што за него заврши мечот затоа што доби и црвен картон за фаулот.

Од Кадетен информираа дека повредите на нивните играчи не се сериозни, но ќе следуваат дополнителни испитувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести