Милвоки и Хјустон ќе си ја завршат работата?

Детроит пистонс – Милвоки бакс (02.00 часот)

„Елените“ трипати беа убедливи против „клиповите“, и во сите три меча даваа од 119 до 121 поен, што е доказ дека Детроит е немоќен во одбраната. Бакс нема пораз од Детроит од 1 март минатата година и ги доби последните седум меѓусебни дуели. Милвоки 18 години не бил во второто коло и на оваа црна серија ѝ се ближи крајот.

Предлог тип: > 218.50 (1.85)

 

Јута џез – Хјустон рокетс (04.30 часот)

Хјустон е на чекор од пласман во следното коло, води со 3-0 во победи и може да ја заврши работата во Солт Лејк сити. Јута веќе нема што да загуби, ќе проба да извојува барем една победа против „ракетите“, но прашање е дали има сила за такво нешто. Ако Џез не победи минатиот пат, кога потфрли Харден, сега ќе биде потешко против мотивираниот Брада.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

Каролина хурикејнс – Вашингтон капиталс (01.00 часот)

Шампионот во петтиот меч ја растури Каролина со 6-0 и поведе со 3-2 во победи, па сега е во психолошка предност. „Ураганите“ на свој терен не загубиле од 29 март, кога играа токму против Овчекин и другарите. Редно е Вашингтон да заигра добро и на гости и да се пласира во следната фаза, во која го чека Њујорк ајландерс со бившиот тренер на Капиталс.

Предлог тип: < 5.50 (1.90)

 

Далас старс – Нешвил предаторс (03.30 часот)

Далас има прилика пред своја публика да ја затвори оваа серија бидејќи води со 3-2. Старс на последните две средби против „предаторите“ даваше по пет гола, па негативата од 1-2 во победи ја претвори во водство од 3-2 и сега ја има првата меч-топка. Сент Луис е тимот кој го чека победникот од овој дуел.

Предлог тип: 1 (2.30)

 


- Оглас -

Најнови вести