По дуелите Њујорк никс – Атланта хокс и Хјустон рокитс – Голден стејт вориорс, кои се играат вечерва, ќе се знаат двојките за полуфиналето во НБА-купот. Победникот од мечот во Њујорк во полуфиналето во Лас Вегас ќе се сретне со Милвоки бакс, а Ракетите или Воините за ривал ќе ја имаат екипата на Оклахома Сити тандер.
Според квотите во Sport Life, вечерва фаворити се домашните тимови.
Хјустон сезонава дома има 9 победи и три порази, но пет години не победил дома против Голден стејт, а гостите освен традицијата, си имаат свој адут и во името на Стеф Кари, кој е еден од 27-темина кошаркари на коишто може да се обложите колку поени ќе постигнат вечерва. Највисоко е поставена границата кај Џејлен Брансон и Карл Ентони Таунс од Њујорк, кои сезонава во просек даваат над 25 поени по меч.