Милвоки ќе ги расипе плановите на домаќините

Орландо – Атланта (1:00 ч.)

Орландо е во лоша форма и загуби на седум од последните 10 меча. Сепак, токму ноќеска ќе имаат шанса да ја вратат самодовербата бидејќи на гости им доаѓа најслабиот тим во лигата, Атланта.

Јастребите наредија 10 порази по ред, а сезонава се израдуваа само шестпати во 33 средби. Интересно е што една од тие шест победи е токму против Орландо точно пред два месеци.

Ова се екипи кои немаат некоја посебна ефикасност, па не би требало да има многу поени.

Предлог тип: 1&<212,5 (2.20)

 

Чикаго – Милвоки (2:00 ч.)

Милвоки со победа сака да докаже дека е најдобар тим во моментов во НБА. Со 29 победи и само пет порази, Бакси играат сезона за памтење. Чикаго сезонава може да се бори за влез во плејофот, но тешко да очекува победа против еден од главните фаворити за титулата.

Биковите веќе како да имаат комплекс од Милвоки затоа што загубија на последните 10 меѓусебни средби. Бакси во тие 10 победи во низа, во просек даваат над 110 поени против Чикаго, па останува да се види вечерва колкава ќе биде разликата со која гостите ќе се радуваат.

Предлог тип: 2-2 (1.65)

 

Минесота – Бруклин (2:00 ч.)

Традицијата е на страната на домаќините, но формата е на страната на гостите. Минесота победи во последните шест меча со овој ривал, но факт е дека Тимбервулфс сега имаат само една победа во последните 13 средби сезонава и таа остварена по продолжение.

Бруклин има проблеми со многу повредени играчи, па нема да играат Ирвинг, Дурант, Клаксон. Се очекува голема битка на теренот, но овојпат очекуваме домаќините да ја искористат традицијата и фактот дека гостите се со преполовен тим.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

Портланд – Феникс (4:00 ч.)

Две екипи кои се речиси со израмнет квалитет и ќе се борат за влез во плејофот на Западот. Портланд нареди три порази во низа, а Сонцата прекинаа лоша серија од осум порази по ред. Последните четири меѓусебни средби биле вистинско шоу бидејќи имало многу поени.

Портланд е фаворит поради подобриот скор сезонава и домашниот терен, но прашање е дали ќе ја надминат границата од вкупно 230,5 поени на мечот.

Предлог тип: 1 (1.58)

 

- Оглас -

Најнови вести