31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Милвоки за пола кош уништи добитна комбинација во ноќта која ја одбележаа домаќините (видео)

Се очекуваше домаќините да издоминираат во четирите натпревари од НБА лигата кои се играа ноќеска, и така се случи.

Имавме изготвено комбинација со вкупна квота од 14.75 и победи на Клиперс, Мемфис, Филаделфија, како и Милвоки да постигне повеќе од 120 поени во мечот против Сан Антонио, но за жал Бакси не го исполнија условот за надминување на границата во поени. Елените триумфираа со 120:113, и така заостанаа половина кош за да имаме добитна комбинација во Полноќниот експрес.

Јанис Адетокумбо брилјираше со 26 поени, но и 15 асистенции што е рекорд во неговата кариера, предводејќи ја екипата до шеста последователна победа со која Милвоки го одржи чекорот со водечките Филаделфија и Бруклин во Источната конференција.

https://twitter.com/NBA/status/1373483136575799300

Пол Џорџ и Кавај Ленрад комбинираа 38 поени во победата на Клиперс против Шарлот со убедливи 125:98, додека Мемфис беше подобар од Голден стејт со 111:103.

Сигурен триумф оствари Филаделфија против Сакраменто со 129:105, меч во кој Сиксерси доминираа уште во првото полувреме, а до победата ги предводеше одличниот Херис со дабл-дабл од 29 поени, 11 скока и 8 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести