Мина 15 години во Барселона, пред две децении едвај преживеа и сега е меѓу главните кандидати да го наследи Куман

Оскар Гарсија е главен кандидат да го наследи Роналд Куман на кормилото на Барселона, објави „РМЦ Спорт“. Тренерот на француски Ремс имаше интересна играчка, но и тренерска кариера.

Барселона му е матичен клуб и таму мина цели 15 години, кога на 11-годишна возраст во 1984 година и се приклучи на Академијата на клубот се до 1999 година, кога се пресели во Валенсија.

Гарсија имаше и една многу незгодна случка на фудбалски натпревар како играч на Еспањол. На 7.јануари 2001 година на дуел со Нумансија си го проголта јазикот и едвај беше спасен во болница, благодарение на брзата интервенција на медицинските лица.

Фудбалската кариера ја заврши во Леида во 2005 година, а четири години подоцна ја почна и тренерската авантура, како асистент во селекцијата на Каталонија.

Предводеше 8 клуба, а освои титули со Макаби Тел Авив во израелското првенство и со Салцбург во Австрија.

Моментно е во Ремс, клуб од Франција кој е на 15-та позиција, па може и да добие отказ, а ако Роберто Мартинес не прифати да го наследи Роналд Куман во Барселона, „РМЦ Спорт“ тврди дека Гарсија ќе биде изборот за нов тренер на шпанскиот гигант.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести