Селекторот на Ерменија одлучи да не ги повика двата големи адути за мечевите против Лихтенштајн и Македонија, па Жорди Монрој и Норберто Бријаско не се во составот за стартните мечеви во Лигата на Нации
Жорди Монрој кој е роден во Колумбија и Норберто Бријаско, родум од Аргентина не се најдоа на списокот на селекторот на Ерменија, Вардан Минасјан за стартните мечеви во Лигата на Нации против Лихтенштајн и Македонија.
Денеска јужноамериканскиот тандем не е во составот на Ерменците против Лихтенштајн, а ако не се случи некакво чудо, нема да патуваат ниту за Скопје на дуелот со нашата репрезентација на 9. септември.
Ваквата одлука на Минасјан е по малку и чудна особено ако се знае дека ерменската фудбалска федерација силно притискаше Монрој и Бријаско да добија државјанство за да можат да играат за Ерменија.
Монрој игра во колумбиската лига за Бојака Чико, а Бријаско е член на аргентинскиот прволигаш Хуракан.