Минатиот пат кога се сретнаа Реал и Ајнтрахт, паднаа 10 гола, а денеска за 7+ квотата е над 16

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид, и победникот на Лигата на Европа за минатата сезона, Ајнтрахт Франкфурт, вечерва во Хелсинки со Суперкуп-мечот ја најавуваат новата сезона во европските купови, а тоа ќе биде прв меѓусебен дуел на овие клубови по пауза од дури 62 години.

Реал и Ајнтрахт еден против друг играле само еднаш, но тој меч на „Хемпден парк“ во Глазгов, кој Кралскиот клуб од Мадрид го доби со 7-3, се памети долго бидејќи и понатаму е финале со најмногу голови во историјата на најсилното клупско натпреварување во Европа, кое порано се викаше Куп на европски шампиони, а денеска е Лига на шампиони.

Во таа далечна 1960 година, Реал по петти пат стана континентален првак. Ајнтрахт поведе со 1-0, а потоа следуваше шоу на славните легенди, сега веќе покојните Ференц Пушкаш и Алфредо ди Стефано. Пушкаш постигна 4, а Ди Стефано три гола.

Вечерва ако паднат и половина од тие 10 гола, публиката ќе биде задоволна. Доколку верувате дека ќе има 7 или повеќе голови, може и добро да заработите. Во Sport Life квотата за 7+ е огромна, 16.3. Веќе објавивме дека во Sport Life има огромен број игри посветени на овој меч.

Погледнете ги десетте голови од претходниот меѓусебен дуел на овие клубови:

- Оглас -

Најнови вести