Минатото лето го плати 85 милиони евра, а сега ќе го праќа на позајмица и тоа во Бразил

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, планира во зимскиот преоден рок да купи нов напаѓач и притоа привремено да се откаже од едно од најскапите засилувања во клупската историја, Бразилецот Антони.

Тен Хаг сака на „Олд трафорд“ да го донесе напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса, популарниот Габи-гол и е подготвен на бразилскиот тим покрај отштета да му го даде Антони на позајмица.

Антони минатото лето пристигна на “Олд трафорд“ од Ајакс во трансфер вреден 85 милиони евра, но не оправда ниту дел од вложените пари.

Барбоса минатата сезона одигра 55 меча за Фламенго и постигна 20 гола во сите натпреварувања. Покрај Јунајтед, интеререс за Барбоса пројавуваат и Арсенал, Њукасл и Вест хем.

Покрај Барбоса, менаџерот на Црвените ѓаволи планира да донесе уште еден напаѓач и тоа Ајван Тони од Брентфорд. Но, за да го добие Тони, Манчестер јунајтед ќе мора да плати 100 милиони фунти.

Целта на Тен Хаг е во јануари да го испрати Антони на позајмица во Фламенго во замена за Габриел Барбоса.

- Оглас -

Најнови вести