Во НБА-лигата вечерва се играат пет меча, а две го имаат приматот на „сигурици“. Њу Орлеанс е најслабиот тим во лигата кој има само три победи и дури 19 порази, а вечерва на свој терен игра против Минесота. Гостите кои играат добро и победија три меча во низа, сега се големи фаворити за да слават на ова гостување.
Вечерва на свој терен игра и Вашингтон, кој е најслаб тим на Истокот само со три победи и дури 17 порази. Бостон селтик гостува кај Волшебниците и е голем фаворит за победа. Дури и традицијата вели дека Бостон е голем фаворит затоа што Селтикси победија на последните девет дуели против Вашингтон.

Во понудата за „плус-минус“ поени на играчите кои вечерва треба да бидат на теренот се дури 54-ица кошаркари. Дерик Вајт да биде во „плус“ мора да надмине 21,5 поени, За Леброн Џејмс границата е поставена на 22,5 поени, додека за првата ѕвезда на Јута џез, Лаури Маканен, границата е на 26,5 поени.


