Пари Сен Жермен забележа минимална (0-1), но значајна победа на гостувањето кај Авр во 24-тото коло на Лига 1, со што ја зголеми предноста пред второпласираниот Ленс на четири бода.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Бредли Баркола во 37-та минута, со прецизен удар со глава по центаршут на Канг-Ин Ли.
Гостите имаа уште неколку шанси, меѓу кои и пенал во 79-тата минута, но голманот на Авр, го одбрани ударот на Дезире Дуе, спречувајќи втор погодок.

