Минимални победи за Рома и за Ајнтрахт, Ајакс убедлив против Карабах во Лигата на Европа (Видео)

Рома ја оствари првата победа во Лигата на Европа оваа сезона откако во третото коло го совлада Динамо Киев на „Олимпико“ со 1-0. Артем Довбик од пенал беше стрелец на единствениот гол за италијанскиот тим во 24-тата минута.

Ајнтрахт Франкфурт исто така минимално славеше против РФС Рига со 1-0. Хуго Ларсон во 79-тата минута му донесе триумф на германскиот бундеслигаш.

Ајакс беше многу поубедлив на гостувањето во Азербејџан против Карабах откако победи со 0-3. Тејлор, Вегорст и Акпом беа стрелци за холандскиот гигант, а ривалот мечот го заврши со деветмина играчи поради два црвени картони.

ПАОК на „Тумба“ одигра 2-2 против Плзењ, а Ференцварош ја совлада Ница на домашен терен со 1-0, со автоголот на Бомбито.

Реал Сосиедад стигна до победа од 1-2 против Макаби Тел Авив, а Митјиланд славеше против Унион Сен Жил со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести