Министер за спорт на Брегот на слонова коска: Со Анчелоти како селектор, може да бидеме светски прваци!

Министерот за спорт на Брегот на слонова коска, Клод Дано, даде изјава која предизвика внимание во светот, а тоа е дека ќе се обидат да го ангажираат Карло Анчелоти како селектор кога Италијанецот ќе си замине од Реал Мадрид.

И не само тоа, веруваат дека со Анчелоти на клупата и талентите кои ги имаат, можеле да бидат светски шампиони.

Популарните Слонови не се ни учесници на Мундијалот во Катар, беа втори зад Камерун во квалификациите.

Од Брегот на слонова коска се познати напаѓачи како Алер, Пепе, Жервињо, Заха, во средината ги имаат Кеси, Сангаре, во одбраната Орие, Баи, но моментно далеку се од врвот и во Африка, камоли во светот.

- Оглас -

Најнови вести