Министерката за внатрешни работи потврди: Ѓоковиќ нема да игра на Отвореното првенство на Австралија до 2025 година (Видео)

Карен Ендрјуз, министерската за внатрешни работи на Австралија, потврди дека со укинувањето на визата за Новак Ѓоковиќ следува и забрана за влез на најдобриот светски тенисер во оваа земја во слдните три години.

Тоа би значело дека Ѓоковиќ ако не се смени нешто, нема да игра и на следните три изданија на гренслем-турнирот на кој е рекордер со 9 титули.

Во изјава во утринската програма на „Австралија денес“, Ендрјуз изјави дека во иднина сепак постои можност на Ѓоковиќ да му се дозволи влез во земјата, но откако ќе мине казната од три години.

 

Ѓоковиќ ја загуби битката со Владата на Австралија откако Федералниот суд со едногласна одлука на тројца судии го потврди поништувањето на визата за влез во земјата што ја донесе Имиграциското биро.

Целата сага со најдобриот светски тенисер беше мачна и траеше цели 11 дена, а на крајот Новак беше депортиран и мораше да си замине од Австралија без можност за настап на Отвореното првенство на Австралија и да атакува на јубилејната 10-та круна во Мелбурн и рекордна 21-ва на гренслем-турнирите.

Турнирот почна ноќеска, а само Рафаел Надал од триото со Ѓоковиќ и Роџер Федерер коишто имаат по 20 гренслем-титули игра во Мелбурн и има шанса за рекорд.

 

 

- Оглас -

Најнови вести