По скандалозниот финиш на мечот меѓу Кожуф и Башкими во втората фудбалска лига на Македонија, со своја реакција се јави и министерот за спорт, Борко Ристовски. Башкими победи со 2:1 на гости кај Кожуф, откако домаќините водеа со 1:0 по првото полувреме.
Голот за победа Башкими го постигна со гол во 90+4 минута, а додека гостите напаѓаа, дел од фудбалерите на Кожуф како да стоеја на теренот. Први со реакција се јавија од Фудбалската федерација на Македонија, а сега свој коментар даде и министерот Ристовски.
„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите на клубовите Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт! Борбата за чист спорт продолжува и Минитерството за спорт ќе биде секошгаш на вистинската страна“, напиша Борко Ристовски на својот инстаграм профил.