Бојан Миовски е херојот на Абердин, кој со два погодока му донесе пресврт и победа на шкотскиот премиерлигаш. Нашиот фудбалер убедливо беше најдобар на теренот и дојде до бројка од 14 погодоци во сите натпреварувања оваа сезона за Абердин, односно до бројка од девет погодоци во првенството.
Гутрие во 28-мата минута го донесе Ливингстон во водство од 0-1, но тука на сцена стапи нашиот репрезентативец, кој со фантастичен погодок со глава во 42-рата минута донесе израмнување на 1-1.
Во 65-тата минута, Бојан Миовски, покажа манири на расен стрелец и откако одлично ја следеше акцијата на Дјук, со одмерен удар ја круниса акцијата во погодок кој донесе победа од 2-1 за Абердин.
Со оваа победа клубот на нашиот репрезентативец се искачи на осмата позиција и се вмеша во борбата за пласман во плејофот за шампионската титула.