Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра во фантастична форма и вечерва против шкотскиот гигант го постигна 20-тиот гол сезонава во сите натпреварувања.
https://twitter.com/BBCSportScot/status/1754971645624606851
Ренџерс славеше со 2:1 над Абердин во мечот од 25-тото коло во шкотската Премиер лига, а голот за гостите го постигна токму Миовски, и тоа во последните моменти од првото полувреме.
Шкотските гиганти му лежат на Миовски, а доказ за тоа е што македонскиот репрезентативец го постигна голот за реми од 1:1 против Селтик во претходното коло, а и во мечот кој се играше во ноември минатата година против Ренџерс (1:1) токму Миовски беше стрелец за својот тим.
Ренџерс до победата над Абердин дојде со головите на Матондо во седмата минута и на Кантвел во 72-рата минута.