Ренџерс стигна до триумф над Селтик со 1-3 во големото дерби, и тоа по пресврт, а натпреварот ќе остане запаметен и по необичниот момент поврзан со македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Напаѓачот, кој се враќаше по повреда, средбата ја започна на клупата за резерви и шанса за настап доби дури во 91-та минута.
Miovski yellow card celtic pic.twitter.com/ZLNki6NcuE
— goals (@StefanDaskalov5) January 3, 2026
Сепак, неговиот престој на теренот беше одбележан со рекордно брз жолт картон. За помалку од 20 секунди игра беше казнет од судијата поради груб старт, што претставува најбрза опомена сезонава во шкотската Премиер лига.

