Миовски и тоа како е добар да игра за Селтик и Ренџерс

Поранешниот фудбалер и капитен на Глазгов ренџерс, Бери Фергусон, призна дека погрешил за Бојан Миовски кога рекол дека македонскиот репрезентативец не е фудбалер за шкотските гиганти.

Фергусон пред неколку месеци изјави дека Миовски не е фудбалер за Селтик и Ренџерс и дека е добар за екипи како Абердин, но одличните игри на напаѓачот, а посебно голот во неделата кој Миовски го даде против Ренџерс, го натера поранешниот фудбалер да го промени мислењето.

„Се извинувам, признавам дека погрешив со проценката за Миовски. Бојан навистина ми се допаѓа, одлично се движи на теренот и има брилијантна завршница. Не бев премногу сигурен во врска со него, но тој е напаѓач каков што тешко може да се најде. Миовски и тоа како е добар да игра за Селтик или Ренџерс. Да се дадат 11 гола за Абердин, кој оваа сезона доста се мачи, навистина е импресивно“, изјави Фергусон.

Миовски сезонава на 21 натпревар постигна 11 гола за Абердин.

- Оглас -

Најнови вести