Миовски има 25 проценти шанси да стане фудбалер на сезоната во Шкотска

Напаѓачот на Абердин и на македонската фудбалска репрезентација, Бојан Миовски, е номиниран за наградата за најдобар фудбалер на сезоната во шкотската Премиер лига.

Покрај Миовски, номинирани се и голманот на Глазгов ренџерс, Џек Батланд, потоа Мет О’Рајли од Селтик и капитенот на Хартс, Лоренс Шекланд.

Наградата традиционално од 1965 година ја доделува Здружението на фудбалски новинари во Шкотска. Низ историјата само четворица фудбалери на Абердин го освојувале престижното признание, последен пат Алекс Меклиш во 1990 година.

Миовски од почетокот на оваа сезона постигна 25 гола во сите натпреварувања и беше избран за фудбалер на годината на Абердин, а се најде во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.

Наградата за најдобар играч во Шкотска ќе биде доделена на гала-свеченост на 19 мај.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести