Фудбалската репрезентација на Македонија води со 1:0 по првото полувреме против Молдавија благодарение на голот во првата минута од судиското продолжение во мечот кој се игра во Анталија, Турција.
Голот за водство на Македонија го постигна Бојан Миовски кој се најде на вистинското место откако голманот Раилеан ја одби топката која напаѓачот на Абердин ја смести во мрежата, а може да го видите ТУКА.
Претходно, Македонија имаше уште една голема шанса за да постигне гол, преку Елмас, но голманот на Молдавија успеа да спречи водство.
Молдавија се закани во 41-тата минута кога по една брза акција, ја избегна офсајд замката, но Столе Димитриевски го одбрани шутот на Мотпан.