Миовски: Резултатот е реален иако имавме неколку шанси да го затвориме натпреварот

Бојај Миовски повторно покажа дека сезонава игра во одлична форма и покрај тоа што ги тресе мрежите во шкотскиот шампионат за Абердин, тој се запиша во листата на стрелци и во првиот натпревар годинава во репрезентативниот дрес.

Токму Миовски во првата минута од судиското продолжение од првиот дел, го постигна голот за Македонија која на крајот ремизираше со Молдавија играјќи 1:1 и според напаѓот овој резултат е реален иако Црвено-жолтите пропуштија неколку шанси да ја обезбедат победата.

„Добро го започнавме првото полувреме, имавме контрола, но мислам дека теренот не дозволи да создадеме повеќе шанси. Во второто полувреме, мислам дека загубивме доста дуели на втора топка и мислам дека затоа Молдавија имаше шанси и на крајот постигна гол. Мислам дека резулатот е реален, иако имавме неколку шанси од кои можевме да го затвориме натпреварот околу 60-тата минута. За жал примивме гол, но продолжуваме понатаму, ова се пријателски натпревари за да се воигруваме и сега се насолуваме кон понеделничкиот дуел со Црна Гора“, Миовски.

- Оглас -

Најнови вести