Бојан Миовски беше стартер и одигра 82 минути во победата на Абердин на свој терен против Килманрок. Ова беше меч од четвртфиналето во Купот на Шкотска, што значи дека Миовски и неговиот тим веќе е дел од полуфиналето и сега е чекор поблиску до освојување на еден трофеј.
Миовски не постигна гол денеска, но тој добро ја заврши својата работа, а откако беше мечот решен, беше повлечен од игра. Пред мечот, Миовски имаше разговор за клупскиот сајт на Абердин, каде потенцираше дека ова е најдобра сезона во неговата кариера.
„Имам уште две години од договорот со Абердин, но во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи. Го сакам овој клуб и тоа сите го знаат. Оваа сезона ми е најдобра во кариерата, но секако прва цел ми е да помогнам тимот да има подобри резултати“, беше пораката од Миовски кој сезонава одигра 42 натпревари и досега постигна 22 погодоци.