15.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Миовски со гол против Селтик го прослави изборот во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби признаение за одличните игри кои ги прикажува во дресот на шкотскиот Абердин.

Изборот во тимот на сезоната, Миовски го прослави со гол против Селтик и тоа во втората минута. Абердин и Селтик играат во полуфиналето на Шкотскиот куп.

Миовски во изборот на фудбалерите кои настапуваат во шкотската Премиер лига, тој е избран во тимот на сезоната 2023/24.

Абердин за разлика од минатата сезона кога заврши како трет на табелата зад неприкосновените Селтик и Ренџерс, оваа сезона игра полошо од очекувања и се наоѓа во долниот дел од табелата, но затоа фантастичен е напаѓачот на македонската репрезентација.

Миовски сезонава е трет стрелец во шкотската Премиер лига со 14 гола, а има и две асистенции. Покрај тоа, Миовски даде и два гола во групите во Лигата на конференции, а постигна и два гола во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Во тимот на сезоната, доминираат играчите на Селтик и Ренџерс, а тука се уште и најдобриот стрелец во шкотската Премиер лига Лоренс Шанкланд од Хартс и играчот на Мадервел, Тео Баир и Овен Бек од Данди.

https://twitter.com/PFAScotland/status/1781601474864111813

 

- Оглас -

Најнови вести