Мирчевски беше еден од актерите во најјаката тепачка во Србија, се тепаа фудбалерите, потоа и навивачите

Потенцијалниот македонски репрезентативец Мартин Мирчевски учествуваше во најголемиот инцидент во новата сезона во српската Прва лига, а се тепаа меѓусебе играчи на домашниот тим Јавор и на ТСЦ Бачка Топола.

Мирчевски влезе во игра во 81. минута, а неговиот тим ТСЦ Бачка Топола победи во Ивањица со 1:0.

Веднаш по завршувањето на мечот дојде до општа тепачка на терен меѓу играчите на двете екипи, а учествуваа сите, заедно со резервите.

Потоа откако малку се смири ситуацијата дојде до закачка зад делот каде беше заштитената зона на гостинската екипа, а се пресметаа домашни и гостински навивачи.

Судијата Милан Стефановиќ имаше полни раце работа, а додека покажуваше црвени картони, дел од главните актери му побегнаа во соблекувалната.

Мирчевски со пет гола е втор стрелец на ТСЦ Бачка Топола во најсилната српска фудбалска лига, а тимот е на второто место со 36 бода, пет помалку од лидерот Црвена Ѕвезда, но со два меча повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести