Мартин Мирчевски кој настапува за Бачка Топола и Дориан Бабунски од Дебрецен се двајцата фудбалери кои дополнително добија повил од селњкторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, за претстојните контролни натпревари против Финска (17.11) и Азербејџан (20.11).
Двајцата фудбалери во понеделник ќе се стават на располагање на националниот тим за мечевите што ќе се играат во Скопје.
Поради повреда, покрај веќе потврдено отсуство на Александар Трајковски, ќе отсуствува и напаѓачот Милан Ристовски.