Македонскиот интернационалец, Мартин Мирчевски, беше јунак на ТСЦ Бачка Топола, бидејќи со неговиот гол, го спаси тимот од пораз на гостувањето кај Чукарички во дуел од српската Суперлига.
Иако судијата покажа четири минути продолжение, драматичните настани придонесоа да се играат уште седум минути, а токму во 97-ма минута, Мирчевски даде гол за 1-1 откако добро се снајде во воздушен дуел по утнат пенал. Нашиот фудбалер даде гол и нешто порано, но му беше поништен.