Горан Драгиќ и Бен Адебајо се неизвесни во пресрет на третиот меч од финалната серија меѓу Мајами хит и ЛА лејкерс. Лејкерси во нивно отсуство во претходната средба поведоа со 2-0 и дојдоа чекор поблиску до 17-тата титула, а со оглед на тоа дека клучните играчи на Сполстра не се сигурни и за третиот меч, Езерџиите имаат големи шанси да остварат недостижно водство од 3-0.
Драгиќ и натаму има проблеми со левата рака, додека болките во вратот му оневозможуваат на Адебајо да се појави на паркетот во Орландо. Сепак, одредени американски медиуми тврдат дека ова е тактика на тренерот Ерик Сполстра да не открива дали Драгиќ и Адебајо се подготвени да играат, со цел да ги изненади Лејкерси.
Третиот финален дуел е закажан за ноќеска со почеток од 01:30 часот.