Навивачите на АЕК Атина се гневни по убиството на 29-годишниот Михалис Кацурис во понеделникот по нападите кои во Атина ги извршија фановите на Динамо Загреб и Панатинаикос и за вечерва најавуваат одмазда.
Тие преку социјалните мрежи ги повикаа сите свои навивачи во 19.30 часот да излезат на улиците во Атина и да тргнат во пресметка со навивачите на Панатинаикос, кои ќе ги бодрат своите фудбалери на мечот против Олимпик Марсеј во рамките на квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Во објавата на фановите на АЕК Атина стои: Денеска бараме од сите фанови на АЕК да излезат на улиците и да ги бараат ѓубрињата кои ќе одат на натпревар. Во 19.30 часот сите би требало да бидат во Патисија, како и во Маруси. Нема да ги напаѓаме семејствата, татковците со сонови и малит деца“, стои во објавата на фановите на АЕК.
Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека пред дуелот Панатинаикос – Олимпик Марсеј во Атина треба да пристигнат околу 1.000 хулигани со цел да се пресметаат со навивачите на Пао. Наводно, навивачи на Олимпик, Ливорно, Сент Паули и белорускиот Партизан Минск планирале да пристигнат во Атина и да се одмаздат за убиството на навивачот на АЕК Атина.