Утре се очекува нов хаос во Атина, 1.000 навивачи доаѓаат во Грција да се одмаздат за нападите на фановите на Динамо и Панатинаикос

Грција е во хаос по нападот на навивачите на Динамо Загреб кои потпомогнати од тие на Панатинаикос во Атина избодеа до смрт навивач на АЕК, а за утре се најавува нов хаос на навивачите.

Утре во Атина во рамките на третото квалификациско коло за пласман во ЛШ ќе играат Панатинаикос и Олимпик Марсеј и уште сега се најавува нова навивачка војна низ улиците на Атина.

Грчките медиуми пишуваат дека околу 1.000 навивачи на Олимпик Марсеј, Ливорно, Сент Паули и на белорускиот Партизан ќе пристигнат во Атина за да се одмаздат за убиството на навивачот на АЕК Атина. Станува збор за ексктремно левичарски навивачки групи кои делат исти ставови со навивачите на АЕК Атина.

Тие планираат да се пресметаат со навивачите на Панатинаикос кои им помогнаа на Бед Блу Бојс да пристигнат во Атина и заедно ги нападнаа фановите на АЕК притоа убивајќи еден навивач.

- Оглас -

Најнови вести