5.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Миркуловски: „Имаме млада репрезентација, но Македонија дојде по изненадување на ЕП“

Филип Миркуловски е една од македонските ракометни легенди, но иако веќе не игра активно, сепак е дел од репрезентацијата на Европското првенство и тоа во улога на шеф на македонската делегација.

Поранешниот репрезентативец очекува Македонија да изненади на ова првенство, иако има тешка група со Данска, Португалија и Романија.

„Играме во група со Данска, Португалија и Романија, тешка група, но ние сме тука за да изненадиме. За Данска не треба многу да зборуваме. Дури и оние кои послабо следат ракомет добро знаат за каква репрезентација се работи и затоа се меѓу фаворитите за освојување на турнирот. Ќе го дадеме нашиот максимум, нема да калкулираме, но максимум треба да дадеме и против Португалија и против Романија“, вели Миркуловски.

Тој иако сега е во друга улога, сепак целта останува иста, а тоа е успех на Македонија.

„Секогаш е чест да се биде дел од репрезентацијата. Сега сум во една друга улога. Можеби вака е потешко, кога не можеш да помогнеш на теренот, но правам сè што можам за да помогнам надвор од теренот. Момците се исклучително талентирани, но веќе имаат и доста искуство. Иако се млади, имаат веќе неколку турнири и оваа репрезентација може само да расте и да постигнува успеси“, додава легендата на македонскиот ракомет, Филип Миркуловски.

- Оглас -

Најнови вести