Најинтересниот натпревар од вечерната репрезентативна програма во квалификациите за Светското првенство 2026 е балканското дерби помеѓу Албанија и Србија. После првото полувреме нема голови, но најголемата заслуга за тоа оди кај голманот на гостите, Петровиќ, кој во судиското продолжение на првиот дел успеа да го одбрани пеналот на Реј Манај.
ÐORÐE PETROVIĆ BRANI PENAL! IDEMOOOOOOOOOOOOOOO! 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 pic.twitter.com/FNUuXRTjPY
— Marko Milenković 🇷🇸 (@theMilenkovic) June 7, 2025
Првите 45 минути минаа генерално мирно, освен ситуацијата во осмата минута, кога Лукиќ беше погоден со тврд предмет од трибините во моментите кога се подготвуваше да изведе корнер. Мечот беше сопрен на две минути за да бидат опоменати гледачите, а српските медиуми обвинуваат дека од трибините ги провоцираат со косовски знамиња.