Голем удел во победата имаше и голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, кој имаше неколку одлични интервенции иако прими два гола.
Рајо поведе со голот на Комесања во петтата минута, по што Кралевите направија пресврт благодарение на Модриќ и на Милитао само за четири минути, но Гарсија во финишот од првиот дел израмни на 2:2. Голот вреден три бода го постигна Трехо од пенал во 67-мата минута.
На првиот пораз на Реал Мадрид му се израдуваа навивачите на Рајо на стадионот и надвор од него бидејќи средбата ја следеа од балкони во зградите што се наоѓаат веднаш до стадионот „Валекас“ и кои за спомен добија топка со која се играше мечот.
Имено, по изведениот корнер на Кралевите, топката дојде до Федерико Валверде, кој лошо ја зафати и таа заврши на балкон во зграда на стадионот на кој фанови го следеа мечот.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) November 7, 2022