Хероите на Мадрид се Рајо Валјекано и Столе Димитриевски – Први го нокаутираа Кралот, богата им е жетвата на бодови против гигантите со вкупно 79 титули (Видео)

Рајо Валјекано, чиј голман е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, е голем хит во шпанската Ла Лига, а вечерва хероите од Мадрид го победија и гигантот Реал Мадрид со 3:2.

Хитот од Мадрид во Ла Лига, за кого одлично брани Столе Димитриевски, успеа прв сезонава во Ла Лига да го надигра актуелниот шпански и европски првак и да направи превсрт од 1:2 за победа од 3:2, што е голем подвиг.

Оскар Трехо најпрво промаши пенал во клучната 66-та минута при резултат 2:2, но потоа доби шанса за поправен испит и погоди за победа од 3:2.

При изведувањето на пеналот, Карвахал, кој беше и виновник за него, влезе прерано во шеснаесетникот, па џабе беше одбраната на Тибо Куртоа.

Во повторениот обид Трехо погоди за голема победа на Рајо во малото мадридско дерби и за продолжување на неверојатната серија против гигантите.

https://twitter.com/Juliaa668/status/1589732633252368384?s=20&t=B7L4qftpyl4SqXlB-dYNmQ

Димитриевски и соиграчите само во 13 кола досега во Ла Лига забележаа победи против Реал, Севилја и Валенсија, а ремизираа со Барселона и Атлетико Мадрид.

Тоа значи дека освоија вкупно 11 од можни 15 бода против екипи што заедно имаат неверојатни 79 шампионски титули во Шпанија.

По првото полувреме кое беше исклучително добро, резултатот беше 2:2, а Рајо со денешните три бода се израмни на седмата позиција со Атлетик Билбао.

Двете екипи имаат по 21 бод. Реал Мадрид го претрпе првиот пораз во Ла Лига и падна на второто место со 32 бода, зад вечниот ривал Барселона, која е лидер со 34 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести