За прв пат во историјата на Грен слем турнирите се случи носителот број 1 да биде дисквалификуван од турнирот. Тоа синоќа му се случи на Новак Ѓоковиќ и тоа откако Србинот со топче успеа директно во врат да ја погоди судијката која беше позади него.
Светскиот рекет број 1 се налути откако загуби гејм и во нервоза го удри топчето, кое ненадејно заврши директно во вратот на судијката Лора Кларк. По ударот, Кларк веднаш падна на земја и покажа дека не може да дише. Веднаш дојде и лекар, но за среќа судијката немаше посериозна повреда. Сепак поради ударот и намерата во лутина да удри топче, Новак беше дисквалификуван. На една од снимките се гледа како судијката се бори да земе воздух.
Многумина фанови на Ѓоковиќ сметаат дека судијката едноставно изглумила и ја направила целата работа да биде многу посериозна од што изгледало. Сепак, дека ударот воопшто не бил слаб, потврдува и една пресметка која кружи на социјалните мрежи.
Според пресметката, топчето во вратот на судијката завршило со брзина од 130,8 километри на час. Многумина честитаат на направената пресметка, но има и такви кои не се сложуваат со тоа, па предвидуваат дека брзината на топчето се движело меѓу 80 и 100 километри на час.
„Сјајно одработено човеку. Оние кои се шегуваат со ова, очигледно никогаш не биле погодени со тениско топче за да знаат колку е тоа болно. Посебно кога ќе те погоди топчето во вратот“, стои во еден од коментарите.
Doing a little calculation about the shot of nole to the judge, we have that it was around 130km/h…
PS: for the time it was simply taken by chronometer (0.3s approx)#USOpen2020 #Djokovic pic.twitter.com/PCgmkjll6n
— Bruno Bertoli (@95_bertoli) September 6, 2020