Мистерија околу Рабио: Ги одби сите понуди досега и уште е без клуб

Адриен Рабио е една од фудбалските ѕвезди кои уште немаат најдено клуб, а неговиот случај е чуден. Не е многу стар, не е повреден, има квалитет, но нема клуб.

Францускиот фудбалер за врска се раздели со Јувентус и се чинеше дека нема да има проблем да си најде клуб, но испадна дека не е така. Дури ни добрите игри на ЕВРО 2024 не помогнаа.

Рабио одбиваше богати понуди од Саудиска Арабија, Италија и Турција затоа што желба му е да заигра во англиската Премиер лига. Но, од таму нема задоволителни понуди, па уште чека.

Сега додека е без клуб, Рабио не е ниту во француската репрезентација за септемвриските мечеви. Како слободен агент може да потпише за кој било клуб до 13 септември.

- Оглас -

Најнови вести