Митев: Започнавме многу мотивирано, но потоа фокусот ни падна

Марко Митев со три гола од три шута беше на нивото на задачата на дуелот против Франција, иако Македонија очекувано загуби. По мечот, Митев ги сумираше впечатоците по овој историски меч.

“Еуфорично е да се игра пред 53.000 гледачи. До 45 минута имавме, да не кажам егал утакмица, се боревме, го оставивме срцето на терен и тоа е. На почетокот влеговме многу мотивирано, бевме фокусирани. Во второто полувреме тој фокус ни падна, и кога играш против селекција како Франција толку треба. Треба да кажам дека некои ситници не ги исполнивме што го бараше селеторот, но нели, играта те носи. Сега следува Германија, имаме 4 дена да се подготвиме, да се спремиме“ изјави Митев по поразот од Франција.

- Оглас -

Најнови вести