Ал Хилал продолжи да реди победи во саудиското првенство, вечерва совладан е Ал Тае со 2-1, а и првиот стрелец на тимот, Александар Митровиќ, повторно погоди. Србинот седум кола по ред дава барем по еден гол во Саудиска Арабија.
Во 30-та минута при 1-0 за Ал Хилал, судијата досуди пенал за Ал Хилал. Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја зеде топката, но само за да се осигура дека неговиот сонародник Митровиќ ќе шутира. Сергеј покажа кон Митро-гол и му ја даде топката. Митровиќ ја оправда довербата, погоди за 2-0 и тоа беше негов 13-ти гол сезонава.
https://twitter.com/i/status/1733147309683392672