Капитенот на српската репрезентација, Александар Митровиќ, се соочува со големи проблеми, дури и неговата кариера е доведена под знак прашалник. Тој е под договор со екипата на Ал-Рајан од Катар, но одигра само три натпревари во септември и од тогаш е надвор од терените поради повреда.
Со Катарците има договор до 2028 година, но тие сакаат да се ослободат со него и веќе започнаа преговори со Ал-Ахли од Саудиска Арабија, но и Арапите се откажаа, бидејќи Србинот бил тотално неподготвен физички и комплетно надвор од форма.
Тоа би значело дека можноста за враќање во Саудиска Арабија пропадна, а Митровиќ е далеку и од играње во Катар, каде по секоја цена сакаат да го раскинат договорот со него.
Србинот потекнува од Партизан, а во својата кариера играше и за Андерлехт, Њукасл и Фулам, пред да се пресели во Ал-Хилал од Саудиска Арабија. За репрезентацијата на Србија постигна 63 гола на 104 меча.

