26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Митровиќ пред потпис со Лидс јунајтед

Александар Митровиќ е само на чекор од заминување од Ал-Хилал, а околу неговата следна дестинација веќе се водат интензивни разговори. Српскиот репрезентативен капитен е на радарот на неколку клубови, а според најновите информации од Англија, повратникот во Премиер лигата, Лидс јунајтед, сериозно размислува да го ангажира.

Иако во Саудиска Арабија бележеше одлични настапи, доаѓањето на Симоне Инѕаги на тренерската позиција во Ал-Хилал значително ја намали неговата улога во тимот, што го доближи до заминување.

Митровиќ веќе има богато искуство во Премиер лигата, настапувајќи за Њукасл и за Фулам, каде остави силен впечаток со својата ефикасност и борбеност. На 30-годишна возраст, тој е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Србија, со вкупно 62 постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести