Мицевски од Вардар се сели во БиХ?

Дарко Мицевски е на пат да потпише за босанскиот прволигаш Борац. Вардаровиот фудбалер, кој беше клучен во походот на Црвено-црните кон шампионската титула во минатата сезона, се наоѓа пред преселба во БиХ и е најавен како знајачно засилување на тимот од Бања Лука.

Мицевски во октомври минатата година го дочека дебито во сениорскиот дрес на македонската репрезентација, забележувајќи минути во ремито против Грузија, како и еден месец подоцна во поразот од Арменија.

Македонскиот играч за врска е блиску до својот 10-ти клуб во кариерата, откако пред Вардар играше за Нејмех, Минск, Нови Пазар, ОФК Београд, Тетекс, Работнички, Слобода Ужице и Севојно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести