Српскиот кошаркар Василије Мициќ и официјално е нов играч на Хапоел Тел Авив, со што стави крај на неколкумесечната неизвесност за неговиот трансфер.
По враќањето од НБА-лигата, Мициќ беше поврзуван со големи европски клубови, како Црвена ѕвезда, Фенербахче, Олимпијакос, Реал Мадрид и Хапоел Ерусалим, но на крајот се одлучи да се приклучи на амбициозниот проект на Димитрис Итудис, кој го предводи тимот од Тел Авив.
Клубот е поддржан од бизнисменот Офер Јанај, основач на „Нофар Енерџи“, една од водечките компании во светот за соларна енергија.
Мициќ ќе потпише тригодишен договор вреден 18 милиони евра, што го прави еден од најплатените кошаркари во Европа.