Денешните слободни тренинзи на патеката Хунгароринг каде викендов ќе се вози трката за Големата награда на Унгарија во Формула 1, минаа со изненадувачки резултати и со бројни излетувања во првата сесија.
Еден од пилотите кои излетаа од патеката и со болидот се заби во заштитниот ѕид од гуми беше Серхио Перес од Ред Бул. Кога го виде тоа еден негов разочаран млад навивач се расплака.
Снимката ја видоа од Ред Бул и на малиот фан му приредија пријатно изненадување кое ќе го памети цел живот. Детето и неговиот татко добија пропусници со кои може да се влезе во гаражата на Ред Бул, а таму беше и Перес кој се поздрави со својот навивач кој веќе не плачеше туку не ја симнуваше насмевката од лицето.
Еве како изгледаше целата ситуација:
https://twitter.com/i/status/1682428184162193411